14:03 - 5 април, 2026

Фановите ја испратија Шинејд О’Конор со песна – огромна толпа пееше во еден глас „Nothing compares to U“

Повеќе од 3.000 обожаватели дојдоа да ја испратат ирската пејачка Шинејд О’Конор во градот Бреј, недалеку од Даблин, каде пејачката живееше некое време.

На погребот беа пуштени нејзините, но и хитовите на Боб Марли. Толпата во еден глас ја пееше добро позната песна „Nothing compares to U“.

„Имаше глас кој трогна една генерација млади луѓе и кој можеше да ги расплаче слушателите. Носеше тон на надеж и барање за пат до дома“, рече на збогувањето имамот шејх доктор Умар Ал Кадри.

Пејачката која го прифати исламот како своја религија во 2018 година ѝ беше организиран муслимански погреб. Голем број од познатите личности дојдоа да се простат од неа. На погребот стигна Боно и други членови на бендот U2, како и ирскиот претседател Мајкл Д Хигинс, пишува „Дејли Меил“.

Пејачката почина минатиот месец на 56-годишна возраст.

 

Слични објави

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо

(Фото) „Добредојдовте дома“: Милица Тодоровиќ отиде во родниот Крушевац со синот Богдан пред Велигден

Еспресо

Хороскоп за 5 април: Стрелците ќе бидат пријатно изненадени од саканата личност

apostolova
Се вчитува....