3.8 C
Скопје
19:51 - 15 ноември, 2024

Европска очна болница (European Eye Hospital), од преглед до третман: Совршеност за здравјето на очите

Европска очна болница е национален, регионален и европски референтен центар за дијагностичка, интервентна, клиничка и истражувачка дејност за очни болести.

Видот е едно од нашите најважни сетила и затоа неопходно е да се грижиме за здравјето на нашите очи. Една од најдобрите работи што можеме да ги направиме за да го одржиме здравјето на очите е да правиме редовни офталмолошки прегледи. Очите е неопходно да се прегледаат дури и тогаш кога мислиме дека со нив сè e во ред. Според податоците на Светската здравствена организација, сите во текот на животот ќе доживееме барем една состојба поврзана со здравјето на очите, а многубројни болести можат да се превенираат со навремени прегледи и препознавање на симптомите. Враќањето на добриот вид и контролирањето или опоравувањето од очните болести значи, за многу луѓе, да почнат повторно да живеат. Тогаш, зошто редовно го посетуваме нашиот матичен лекар, додека кај офталмологот одиме кога ќе почувствуваме проблем? Секако, претходно треба внимателно да го избереме, пред да му го довериме здравјето на нашите очи.

Европска очна болница е национален, регионален и европски референтен центар за дијагностичка, интервентна, клиничка и истражувачка дејност за очни болести, каде е гарантирана максимална грижа и задоволство на пациентите, не само од гледна точка на резултатите, туку и во однос на третманите, информациите и цените што ги нуди. Тука, пациентот е во центарот на сите активности, а третманите се персонализирани. Секој од пациентите станува дел од семејството на Европска очна болница, и добива врвна медицинска услуга, од дијагностика, па сѐ до оперативен третман. Токму затоа Европска очна болница дневно ја посетуваат од 150 до 200 пациенти.

Предности на Европска очна болница

Европска очна болница е прва очна болница во Македонија, која постои над 13 години, а за нејзината успешност сведочат бројот на задоволни пациенти и бројот на успешно извршени хируршки интервенции. Тимот на лекари се состои од искусни офталмолози и офталмохирурзи од Македонија и од Турција, кои изведуваат најголем дел од хируршките интервенции во офталмологијата. Искусни хирурзи со илјадници оперативни зафати зад себе. Услугата е основана на девизата „од преглед до третман“, односно, се овозможува брзо и ефикасно решение за пациентите, што е особено погодно и за оние кои патуваат.

Широка понуда на услуги

Европска очна болница му овозможува на пациентот целосен, брз и врвен одговор во секое поле на специјализацијата со персонализиран пристап за секоја окуларна патологија, за пациенти од сите возрасти, вклучително и за деца. Од дијагностика на преден сегмент, преглед за глауком, преглед на страбизам кај деца и возрасни, до дијагностика на заден сегмент, и комплетен офталмолошки преглед (за 1.500 денари). Хируршките интервенции вклучуваат: Блефаропластика (850 евра); тумори на капаци; птоза (2000 евра); сондажа на солзни канали; дакриоцисториностомија; птеригиум (700евра); ЛАСИК (Smile laser 650 евра, YAG laser 150 евра); кератопластика (700 евра) ; корнеален крослинкинг (700 евра); операција на катаракта (факоемулзификација); операција на глауком (очен притисок, 1500 евра); парс плана витректомија; операција на страбизам (1300 евра); витректомија (3000 евра); мултифокални интраокуларни леќи (1700 евра); кератопластика (6000 евра); надворешно перде (700 евра).

Европска очна болница се стреми кон брзо решавање на секој очен проблем и на пациентите им нуди можност за итна интервенција доколку е потребно, во зависност од комплексноста на потребната интервенција и севкупното здравје на пациентот.

Експертскиот тим на Европска очна болница е тука за вас, закажете го вашиот третман или консултација на телефоните 02 20 50 999 / 070 309 126.

Комерцијален текст.

 

Слични објави

(Фото) Ѝ се бројат ребрата: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ шокираше со новите фотографии, станала коски и кожа

Еспресо

(Фото+Видео) Македонката Теа Ѓоргиевска блесна на Мис Универзум во традиционална носија!

Еспресо

Инди Арадиновиќ и Зоран Марјановиќ патуваат за Дубаи: Композиторот по осум години првпат ја напушта Србија

Еспресо

(Фото) Анастасија дојде во Белград, ги собра кумовите на едно место и сподели важен момент: Ги воодушеви сите со објавата

Еспресо

(Фото) Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ обвинет за педофилија се огласи, еве што порача

Еспресо

(Фото) Северина „згрми“ во мини тексас фустан и ги покажа долгите нозе: „Не би те заменил за двe од 25!“

Еспресо
Се вчитува....