02:17 - 3 април, 2026

Еве каде бил Том Круз за време на Оскарите и нема врска избегнувањето на Никол Кидман: „Ова е сè што сакате да видите!“

Конечно e откриено каде бил Том Круз за време на Оскарите 2023, и нема никаква врска со гласините дека не дошол за да не се сретне со поранешната сопруга Никол Кидман.

Имено, Круз не бил во можност да дојде зашто имал повозбудлива работа организирана од Ворнер Брос, да присуствува на првото емитување (приватно) на новиот филм кој треба да се емитува во јуни, „Флеш“.

Станува збор за филм за суперхерој заснован на истоимениот лик на DC Comics, во режија на Андрес Мускиети.

Ѕвездата на „Топ Ган Маверик“ и „Невозможна мисија“ претходно се сретнал со извршниот директор на Ворнер Брос Дискавери, Дејвид Заслав, пренесува Холивуд Репортер. За време на состанокот, извршниот директор спомнал колку е неверојатен филмот „Флеш“ (The Flash), а Круз, заинтригиран, побарал од него да организира посебен (и личен) преглед на филмот.

Така и било. Вработен во „Ворнер Брос Дискавери“, наводно, го однел филмот во домот на Том Круз во Беверли Хилс и останал таму додека не завршило гледањето. Откако завршила проекцијата и вработениот го вратил филмот во студио, Том Круз бил толку импресиониран од филмот што го повикал режисерот Андрес Мускиети кај него дома.

Според упатените, Круз немал ништо друго освен пофалби за режисерот, велејќи му на Мускиети  дека „Флеш“ има „сè што сакате да видите во филм“ и дека „ова е токму таков филм што ни треба во моментов“.

Премногу позитивните коментари на Том Круз за „The Flash“ ветуваат добро за филмот на DC Комикс, особено затоа што не е првпат ентузијастичките гласини за филмот со Езра Милер, Мајкл Китон и Бен Афлек да се појават на интернет. Самиот Џејмс Ган, новиот копретседател на DC Studios, го дефинираше „The Flash“ како еден од најдобрите кинекомикси на сите времиња.

Филмот ќе излезе на 23 јуни со светска премиера во САД.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....