9.8 C
Скопје
09:47 - 26 февруари, 2026

Еве ги сите ВИП гости на свадбата на Бруклин Бекам и Никол Пелц: Друштво достојно за црвен тепих на Оксарите

Меѓу пријателите на младенците и нивните семејства, во луксузната вила во Палм Бич со поглед на море, каде што ќе се одржи свадбената церемонија во сабота на 9 април, ќе пристигне долга листа на гости достојни за ноќта на Оскарите. Но, најочекувани се двајцата војводи од Сасекс. 

Од Снуп Дог до семејството Ремзи, од Ева Лонгорија до Џиџи Хадид. Списокот на гости на многу очекуваната венчавка на Бруклин Бекам и Никола Пелц следниот викенд е достоен за црвениот тепих на ноќта на Оскар. А првите гости веќе го потврдија своето присуство во луксузниот ресорт со поглед на море во сопственост на семејството Пелц, во Палм Бич, Флорида, каде ќе се одржи церемонијата.

Покрај најблиските роднини, младенците секако сакале и блиски пријатели на својот најубав ден. Како Роко Ричи, син на Мадона и режисерот Гај Ричи, кој му е близок пријател на Бруклин.

Како и Џејк Ремзи, најстариот син на готвачот Гордон Ремзи и неговата сопруга Тана, кој е пријател со младоженецот уште од мали нозе. Семејството Ремзи веќе го потврди своето целосно присуство, родителите и петте деца: познато е – тие со години се поврзани со семејството Бекам.

Џиџи Хадид, пак, ќе седне на страната на невестата: супермоделот и Никол Пелц се запознале кога и двете ја започнале својата кариера на модните писти, а за кратко време Никол се спријателила и со помладиот брат на Џиџи, Анвар, со кого била во љубовна врска, пред да се запознае со Бруклин на  фестивалот Коачела во 2019. Раскинувањето на парот не ги подели двете девојки, а поканата за венчавка го потврдува тоа.

Ќе присуствува и Софи Ричи, ќерката на Лајонел Ричи, која и е верна партнерка на Никол за шопинг.

Пријателите на мајката Викторија Бекам нема да изостанат: Spice Girls, пред се, се поканети како бенд, а не е исклучено и дека музички ќе настапат заедно на свадбата.  Потоа, тука ќе биде Ева Лонгорија, првата пријателка која Викторија ја имала кога семејството се преселило во Лос Анџелес во 2007 година.

Снуп Дог бил поканет и како стар пријател на семејството Бекам, но 50-годишниот рапер нема да седи на маса туку ќе пушта музика – тоа е неговиот свадбен подарок за Бруклин.

„Дејвид е мој пријател со години и свадбата во Бруклин ќе биде голем настан, мора да има и  подиум“, изјави Снуп Дог.

Присуството во Палм Бич на принцот Хари и Меган Маркл се уште не е потврдено. На венчавката на Хари и Меган  во 2018 година, Дејвид и Викторија Бекам беа поканети и присуствуваа, така што – барем поради бонтон – и тие би требале да присуствуваат на свадбата на Бруклин. За сега се шпекулира дека војводите од Сасекс ја прифатиле поканата, што би било уште една шлаканица за кралицата откако не присуствуваа на комеморацијата на принцот Филип во Лондон. Но за да дознаеме дали Хари и Меган ќе дојдат, или сепка нема, ќе треба да ја почекаме сабота, 9 април.

Слични објави

Поранешната сопруга на Аца Амадеус го пријавила за обид за убиство, вмешана и ќерката и порно-снимката

Еспресо

Хороскоп за 26 февруари: Близнаците носат важна одлука, Јарците чувствуваат стабилност што долго ја граделе

Еспресо

Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за оженетиот партнер на пејачката: „Колку што знам…“

Еспресо

Оливера Балашевиќ објави: „Ми пристигнува внук, мал капетан на Панонската морнарица“

Еспресо

„Луда е како ѕвоно“: Едита си кажа што мисли за Карлеуша, до пред две години беа луто скарани

Еспресо

„Имав 19 абортуси“: Морничаво признание на српската ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ

Е.А.
Се вчитува....