7.8 C
Скопје
10:58 - 1 април, 2026

Емотивна објава од која течат солзи: Ана е неутешна по Сара

На девет месеци од загубата на најблиската другарка, Ана Костадиновска сподели емотивна објава во чест на Сара Пројковска која загина во пожарот во Кочани на 16 март.

Ана и Сара таа вечер пееја придружни вокали на „ДНК“ како и многу вечери пред тоа, на многу наши познати пејачи и на многу манифестации. Сара Пројковска загина во пожарот како и повеќето членови на „ДНК“, а Ана успеа да се спаси.

За својата другарка и колешка, Ана само кусо напиша „9“, мислејќи на деветте месеци поминати без неа со емотикон срце и три фотографии кои сведочат за нивните убави заеднички моменти. Ана Костадиновска, која е ќерка на познатиот композитор Кире Костов, неодамна даде емотивно интервју за „Слободен печат“.

Фото / Фејсбук

-Сара беше прекрасна личност, жена-светлина. Секој миг поминат со неа ми ја грее душата. Тука е и секогаш ќе биде, сѐ додека дишам и постојам. Пеењето секогаш ми било единствен лек за секоја душевна болка- рече Ана, која е професорка по пеење во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Во февруари во 2022 година почина нејзиниот сопруг Бобан, по само неколку месеци тешко боледување. Нешто повеќе од една година потоа, во јули во 2023 година таа го загуби татка си, легендарниот композитор Кире Костов, кој почина на 75 години, а на 16 март годинава си замина нејзиното како што вели второ семејство, „ДНК“.

Владимир Блажев-Панчо, кој таа го нарекуваше „братче“, почина на 14 октомври, по седуммесечно лекување во болница.

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....