00:07 - 3 април, 2026

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Најпознатата хрватска инфлуенсерка, 35-годишната Ела Дворник, на социјалната мрежа Инстаграм сподели преслатки фотографии со својата помлада ќеркичка Луми, и тоа по убав повод – нејзиниот шести роденден.

Станува збор за постари фотографии, направени кога девојчето било уште бебе. Ела ѝ посвети емотивна и симпатична објава.

 

Pogledajte ovu objavu na Instagramu.

 

Objavu dijeli Ella Dvornik-Pearce (@elladvornik)

„Пред шест години се роди Луми, најнесмасното дете на светот, кое веќе ни не го предупредувам дека ќе падне или ќе скрши нешто, затоа што двете знаеме дека тоа ќе се случи. Таа навистина го прави тоа, а јас сепак сведочам на сѐ. Дете кое триесет минути секое утро избира облека и фризура за во градинка, кое 340 пати ти кажува дека те сака и 280 пати бара потврда дека и ти ја сакаш. Дете кое веќе три години има петнаесет килограми и носи облека што Бали ја прерасна уште на три години. Дете што не може ниту една секунда да седи мирно, гимнастика прави и додека јаде, и веќе гледам дека таа е онаа „клетва“ што мајка ми ми ја кажуваше како дете: ‘Едвај чекам и тебе твоето дете така’. А има дури шест години. По летото, ова корона-бебе тргнува на училиште и пред да сфатам, веќе нема да биде бебе. Среќен роденден на сите што слават денес“, напиша Ела на Инстаграм, објавувајќи низа прекрасни фотографии.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....