9.8 C
Скопје
20:49 - 31 март, 2025

Ексклузивно винилно реиздание на „Као какао“ по 35 години од култниот албум на „Леб и сол“

По 35 години, Croatia Records повторно го објави на винил музичкиот бестселер „Као какао“ на легендарните „Леб и сол“.

Македонската супергрупа „Леб и сол“ во 1987 година го издаде „Као какао“, едно од најзначајните музички дела во екс-Југословенската дискографија.

По повод 35 години од објавувањето на култниот албум, издавачката куќа Croatia Records со гордост го претставува ексклузивното винилно реиздание на „Као какао“. Албумот, кој остана неверојатно актуелен до ден денес („Какао со врвен квалитет“), повторно е достапен во физичка форма, на 180-грамскиот винил, режан со половина брзина (half speed технологија), во студиото Abbey Road во Лондон.

Освен Half-speed мастерингот, направен од Мајлс Шоуел, изданието вклучува богата книгичка со фотографии од Георги Христовски, архивски фотографии од Croatia Records и придружни текстови.

Иако беше издаден во 1987 година, бендот почна да експериментира со идеи за нов студиски албум неколку години порано. По албумите „Калабалак“ (1983) и „Тангента“ (1984), издадени за Југотон, следеше „Звучни зид“ (1986), албум со песни кои во меѓувреме, беа напишани специјално за театар, филм и телевизијa.

Групата, ќе признаат членовите, минуваше низ прилично кризен период од 1985 година, а евентуалниот неуспех на планираното студиско издание секако ќе означeше распад на уште еден рок гигант.

За да го максимизираат потенцијалот на новиот материјал, бендот во составВлатко Стефановски, Бодан Арсовски и Гарабет Тавитјан, одлучува да го покани младиот виртуоз на клавијатури Кирил Џајковски, кој станува постојан член, а покрај негона снимањето се приклучуваат и саксофонистот Гоце Мицанов, пејачките Беби Дол и Ана Костовска, гајдашот Рони Ватен и перкусионистот Мишко Михајловски.

Целиот материјал е снимен во познатото М-2 студио на Радио-телевизија Скопје, каде меѓу другите снимаше и групата „Бијело дугме“. Албумот „Kao какao“ звучи неверојатно свежо концептуално и продукциски, па дури и според денешните продукциски стандарди е навистина извонреден албум.

За звукот на овој албум меѓу другите беше задолжен и Братислав Зафировски, кој освен за снимањето, беше заслужен и за миксот, а со Влатко и Бодан ја потпиша и продукцијата на „Као какао“.

Со ова издание „Леб и сол“ го обезбеди статусот на еден од најголемите состави во историјата на нашите простори.

Винилното реиздание на „Као какао“ фановите од Македонија можат да го нарачаат онлајн, преку веб-шопот на Croatia Records.

Слични објави

(Фото) Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ и сопругата уживаат во луксуз: Ѕирнете во внатрешноста на нивниот приватен авион

Еспресо

Поради семејната трагедија Вики Миљковиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој ќе ја заменува во жирито

Еспресо

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии, а вие?

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо
Се вчитува....