13.8 C
Скопје
21:15 - 7 октомври, 2026

„Една си ми ти“: Обожавателка на Тарабунов направи нешто уникатно за него

Пејачот Александар Тарабунов сподели интересна порака што ја добил од обожавателка, која стих од една од неговите песни го претворила во траен спомен, тетоважа.
На фотографијата што му ја испратила се гледа тетоважата со стихот „Една си ми ти“, дополнет со црвено срце.
„Само да те поздравам. Најубавиот стих од твојата песна. Среќна сум што конечно ја имам. Ми ја направи и те поздрави Мате – твој школски од МБУЦ. Сакам да објавам како твојата песна ме инспирираше да ја направам тетоважата“, му напишала обожавателката Рашела.
Тарабунов ја сподели нејзината порака и фотографијата на својот инстаграм-профил, а кратко прокоментира: „Убава тетоважа“, додавајќи емотикони со срце и музички ноти.


За пејачот, кој зад себе има повеќегодишна кариера на македонската музичка сцена, ова е уште еден интересен доказ дека песните можат да добијат и сосема лично значење за публиката. Тарабунов е познат по бројни поп-песни и фестивалски настапи, а музиката е дел од неговиот живот уште од најмладите години.
Обожавателката, пак, со тетоважата одлучила стихот „Една си ми ти“ да го носи со себе трајно, а фотографијата стигнала и до самиот пејач, кој со задоволство ја споделил со своите следбеници.
Интересно е што Тарабунов неодамна во интервју за „Слободен печат“ зборуваше токму за начинот на кој неговите песни настануваат и за емоцијата што сака да ја пренесе на публиката.
„Секогаш целосно ѝ се препуштам на креацијата додека работам, бидејќи само така може да се стигне до нешто уникатно и искрено. Кога музиката е вистинска, слушателите ѝ веруваат и можат да се пронајдат во неа. Секоја моја песна носи своја приказна, некогаш инспирирана од мојот живот, а некогаш од нечии други животни искуства“, рече Тарабунов.

Слични објави

Пејачот од „Мајами бенд“ откри детали од прославата на ќерките на Карлеуша и Тошиќ: „Душко беше погалантен“

apostolova

Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид — семејна прослава покрај Охридското Езеро

К.С.

(Видео) Му ја продала куќата на Новак Ѓоковиќ, па изградила вила на Космај: Елена Караман ја покажа својата луксузна оаза

Еспресо

(Видео) Ксенија Николова го прекрои костумот од нејзиниот татко: „Кога го носам ја чувствувам неговата енергија“

Еспресо

По Анабела Атијас и Гаги Ѓогани оди на операција – отворено зборуваше за својата здравствена состојба

Еспресо

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С
Се вчитува....