02:31 - 7 април, 2026

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Едита Арадиновиќ е бремена, а неодамна зборуваше за тоа како се чувствува и како минуваат месеците на нејзината бременост.

Иако времето поминува, пејачката изгледа одлично, се гледа дека е расположена и многу работи не ѝ се смениле од моментот кога дознала дека ќе стане мајка, продолжила да живее како порано и да ужива.

Нејзината последна објава на Инстаграм ги изненади сите.

Иако сега го почитува новиот ритам на животот и исхраната, Едита покажа дека сепак знае да се опушти и да си даде малку „оддишка“ – секако, умерено.

Пејачката објави слика со чаша пиво и им порача на следбениците:

„Кој сака, нека честита, прво пиво по долго време“ – напиша таа, а потоа додаде:

„И немојте ми држете предавања и да ми давате несакани совети, благодарам“ – со емотикон смеа.

Подсетуваме, Едита неодамна гостуваше во „Восткаст“ и зборуваше за бременоста, откривајќи како реагирала нејзината мајка кога дознала дека чека бебе:

„Кога дознав, веднаш ѝ пишав на мама порака, откако направив три тестови. После третиот ѝ напишав: ‘Мамааа’, а таа праша: ‘Што е?’. Јас ѝ реков: ‘Мислам дека сум бремена.’ А таа вели: ‘Не лупај, ајде…’“ – раскажува Едита.

Сепак, реакцијата на нејзината мајка не била онаква каква што ја очекувала:

„Јас проверив уште два-три пати и ѝ пратив слика со порака: ‘Мамо, бремена сум!’ Таа ми одговори: ‘Супер, ајде, лека ноќ.’ Утрото ми рече: ‘Ајде, фала к….’ ‘А да се прегрнеме?’ ‘Ајде, бе, живи и здрави да си…’ Не беше емотивно, како што очекував“ – додаде Едита.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....