2.8 C
Скопје
18:03 - 20 декември, 2024

Дуа Липа стана најплатена пејачка во светот, само во последнава година ставила во џеб 38 милиони

Ја нарекуваат Мадона од генерацијата З. Дуа Липа на 26 години е најплатената пејачка: за една година заработила 38 милиони долари. Таа е повеќе од поп-ѕвезда и повеќе од сопственичка на компанија која управува со рекордна заработка, имоти, капитални инвестиции, соработки со брендови ( Ив Сен Лоран, Патриција Пепе, Евиан, Пепе џинс, Версаче, Пума), синџир ресторани во Лондон, модна линија и концертна компанија Dua Lipa Live. 

Дуа Липа е жена на рекорди, и тоа не само од финансиски причини. Таа е единствената во музичката индустрија која има вкупно милијарда преноси на Спотифај за секоја од четирите песни од најновиот албум Future Nostalgia.

„Уште на четири години знаев дека ќе бидам пејачка“, објасни таа. „Не се случи сè преку ноќ. Беше тешко“.

За да ги оствари своите соништа, таа се преселила во Лондон на 15 години без своето семејство. Родителите на Дуа Липа, Дукаѓин и Анеса се од Приштина, Косово. Нејзиниот татко бил музичар во рок бенд кога бил млад. Но, во 1992 година, политиката на Слободан Милошевиќ ја поттикна двојката – етнички Албанци да избегаат во Лондон. Тука Дукагин и Анеса, двајцата дипломирани, почнале од нула, работејќи во кафеана. Нивната приказна е успешна : Дукаѓин, станал бизнисмен во секотрот на комуникациии, а Анеса успешна во туризмот. Дуа (нејзиното вистинско име: на албански значи „сакам“ или со преносно значење – љубов) е родена во Лондон, но кога имала 11 години нејзините родители решиле да се вратат во Приштина.

„Немав пријатели, зборував албански, но не знаев да пишувам, беше тешко на училиште“, рече таа сеќавајќи се на детството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

„Со текот на времето стануваше подобро и денес сум благодарна на мојата земја затоа што мојот идентитет како уметник потекнува од таму“.

На 15-годишна возраст, Дуа сфаќа дека ако сака да стане успешна, мора да се врати во Лондон. Ги остава родителите и двајцата помали браќа и сестри во Приштина и се сели во куќата на пријател. „Бев добра, не западнав во неволја и не одев многу на забави“, објаснува таа. Оттаму започна искачувањето до успехот.

Среќната средба е онаа со менаџерот на Лана Реј, Емил Хејни, кој верувал во неа. На 20 години таа направи „бум“ со синглот Be the one.

„Може ли да замислите дека на училиште ме исфрлија од хорот затоа што имав длабок глас и не можев да испејам високи ноти“ – се сеќава таа.

Дуа Липа не е само поп-ѕвезда милионерка. Таа е активистка и феминистка. Во билтенот Service95, во кој ги поддржува креативците и активистите од целиот свет, таа ја интервјуираше Надија Мурад, Ирачанка со потекло од Јазиди, киднапирана во 2014 година од ИСИС, која ја доби Нобеловата награда за мир во 2018 година.

Заедно со нејзиниот татко, Липа основаше фондација за да им помогне на Косоварите кои се во економски тешкотии. Активностите вклучуваат музички фестивал во Приштина, Сани Хил, чии приходи одат во добротворни цели.

Пред неколку години таа објави на Твитер мапа на регионите во кои живеат Албанци, еден вид Голема Албанија, и беше обвинета за национализам. Таа се бранеше тврдејќи дека е погрешно разбрана: таа е само горда на своето потекло – тврдеше.

„Се чувствувам како знаме на една нова генерација за која Европа е една земја. Лондон е мојот дом, а моите корени се во Косово“, рече Дуа Липа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dua Lipa Updates (@dualipa.updates)

 

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо
Се вчитува....