18.8 C
Скопје
17:02 - 13 март, 2026

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Ведрана Рудан со години важи за една од најпознатите и најпровокативни авторки од овие простори. Нејзините колумни ретко кого оставаат рамнодушен, пишува отворено, без разубавување и често многу директно. Токму поради таквата искреност има верна публика која внимателно го следи нејзиниот труд.

Во текот на кариерата најчесто пишувала за општеството, лицемерието, односите меѓу луѓето и личните искуства. Сепак, во една од поновите колумни се допре до многу лична тема која длабоко ги потресе читателите, болеста и соочувањето со сопствената смртност.

Instagram
Instagram

На својот блог „Девојка во прегратка на метастази“ често објавува текстови на различни теми, а овој пат сподели потресна приказна за жена на која по поставената дијагноза лекарот ѝ рекол дека ѝ остануваат само неколку месеци живот. Во текстот опишува како таквата вест во еден момент го менува погледот кон сè, кон семејството, пријателите, но и кон сопствениот живот.

„Тоа ти дава време да размислиш за сè“

Рудан се присети и на моментот кога во Загреб ја слушнала процената колку време ѝ останува.

„Во Загреб ми рекоа – три месеци. Ј**га, тоа е податок. Така треба да се разговара со болните. За три месеци можеш да се организираш, да се смириш, да сфатиш дека ќе умрат и сите околу тебе, па и ти“, напиша таа.

Додаде дека таквата информација, колку и да е тешка, на човекот му дава време да се соочи со себе.

„Тие три месеци се и утеха. Имаш време да размислиш што си направил погрешно во животот и кого можеби одамна требало да го испратиш по ѓаволите. За среќа, сè уште има време“, наведе таа.

Фото PRINTSCREEN YOUTUBE TV LICA … KAO SAV NORMALAN SVET

Средба што особено ја потресе

Во колумната опиша и средба со пријателка по операцијата, која, како што вели, ја изненадила.

Лежела исцрпена на каучот кога пријателката дошла на посета и почнала да зборува за секојдневни работи, па дури и за купување во продавница, покажувајќи нови импланти и смеејќи се.

Тој момент ја натерал да размисли за односите со луѓето кои со години ги сметала за блиски.

Во текстот се осврна и на разговорот со синот кој следел откако дознал за нејзината дијагноза.

„Мамо, како ќе подигнеме три деца?“ ѝ рекол тој, што, како што пишува, дополнително го засилило чувството дека светот околу неа целосно полудел.

Разговор со ќерката што ѝ го смени погледот

Особен впечаток врз неа оставил и разговорот со ќерката. Една реченица, како што вели, ја натерала поинаку да размислува за животот.

„Врескав дека целиот мој живот е лага“, напиша таа.

„Стара, сечиј живот е малку лага. Да не е така, вистината би нè скршила уште во дваесеттите“, ѝ одговорила ќерката.

На крајот од колумната Рудан се осврна на сè што сфатила во тој период.

„Да не се развлекуваше сето ова толку долго, веројатно ќе умрев мирно, со тагата на моите најблиски. Вака, на мојот погреб, изгледа, ќе бидам само јас, во придружба на самата себе“, заклучи таа.

Да потсетиме, Ведрана Рудан боледува од рак на жолчните канали, а за текот на болеста и искуствата со лекувањето повеќепати отворено зборуваше во своите текстови и објави.

Слични објави

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin
Се вчитува....