10:15 - 2 април, 2025

„Добивам брачни понуди“: Јелена Розга призна дека ѝ се додворуваат многу жени

Хрватската пејачка Јелена Розга е една од најпосакуваните жени од регионот, а за нејзиниот љубовен живот по раскинувањето со Стјепан Хаузер речиси ништо не се знае, бидејќи не сака да зборува за тоа.

Иако јавно не зборува за својот љубовен живот, таа самата не може да негира дека насекаде има додворувачи, но и дека често добива љубовни понуди од жени.

Како што пренесува „Република“ таа тврди таа само учтиво се заблагодарува на комплиментите што ги добива, а убаво објаснува дека врската не ѝ е приоритет во овој момент.

„Има многу господа кои ми пријдуваат каде и да ме сретнат, па мислам дека сè уште не сме ги изгубиле вистинските мажи, како што велат. Ми приоѓаат и жени, но, секако, не ме интересираат врски“, изјавила искрено Розга.

Пејачката открила дека дури добивала предлози за брак од многу жени.

„Имаше и предлози за брак, сето тоа се комични ситуации. Моментално фокусот ми е на кариерата и снимањето на нови песни. Не сакам премногу да зборувам за мојот љубовен живот, тоа не ја интересира мојата публика. Луѓето ме сакаат поради моите песни, поради енергијата што ја пренесуваме еден на друг на концертите, кога се дружиме и мислам дека тоа треба да биде важно. Не знам што има некој да каже за тоа со кого сум во врска и кој е мојот партнер. Не е важно, додала пејачката.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели сладок момент од синот: Малиот Марио трча во пелени, ужива во сончевиот ден

Еспресо

(Фото) Позната пејачка дошла без заби во емисијата на Сања Маринковиќ! Водителката ѝ порачала нешто, а таа со рака ја покрила устата…

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Биковите ќе запознаат некој интересен преку социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо

Тајната е откриена: Колкава алиментација плаќал Драган Којиќ Кеба?

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се соблече во бикини: Пејачката ги „искара“ луѓето на плажа!

Еспресо
Се вчитува....