12.8 C
Скопје
16:23 - 20 февруари, 2026

Дизајнерот на Брена жестоко ја нападна Карлеуша: „Јелена е ѕвезда? Па, ѕвезда е и Милјана Кулиќ“

Јелена Карлеуша неодамна ја „поткачи“ популарната млада пејачка Александра Пријовиќ (снашка на Лепа Брена) за што со денови се коментираше во регионалните таблоиди и на социјални мрежи.

Карлеуша истакна дека нејзината музика ја смета за „далечно минато“ и ја нарече „треш“ (ѓубре), а по третиот успешен и преполн концерт на Пријовиќ во Штарк Арена во Белград, продолжи во истиот ритам, кога ја „поткачи“ и Лепа Брена и нејзиниот стајлинг, споделувајќи го мислењето дека „оној кој ја облекува Брена треба да биде во затвор“.

Сега се огласи и самиот дизајнер Борис Карготиќ, кој е задолжен за облеката на Брена, па жестоко и одговори на Карлеуша, споредувајќи ја со Милјана Кулиќ.

Милјана Кулиќ, Инстаграм

– „Дам, дам дам“ не е треш, за мене е топ. Што има тука да каже Јелена Карлеуша? О, таа веќе не се согласува ни со сопственото мислење. Таа кажува сешто. Мислам дека воопшто не треба да ѝ се придава значење. Штета, би можела… Јелена е ѕвезда? Па, ѕвезда е и Миљана Кулиќ. Тие се ѕвезди, селебрити. Не знам кои се тие шифри, комбинации на шифри. Не сакам да зборувам за неа, навистина немам што повеќе да кажам – изјави Борис за „Радио Светски“.

Потсетуваме дека Јелена во својот жесток стил „удри“ на Борис, нарекувајќи го нејзин фан.

„Кој ја облекува мојата сакана Брена и зошто тој не е во затвор поради злочин? Леле, сега ми кажаа дека кутриот Борис Демоде го прави оној пекол на Брена. Луѓе, тој несреќен лик, никаков дизајнер, се пријави на аудиција за танчери за мојот концерт на Ушче само за да ме запознае, како мој фан. Секако дека не помина, ама почна да ми испраќа некакви ланчиња кои ги правеше, а мене ми беше жал па му помогнав и му дадов леб во раце. А потоа ликот почна да раскажува приказни дека се дружи со мене, дека ми ги чува децата итн, па се отарасив од него. Пејачки, пазете се од лажни дизајнери“, рече Јелена Карлеуша.

Слични објави

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо
Се вчитува....