7.8 C
Скопје
23:23 - 30 март, 2026

Дино Мерлин за Нова година ќе пее во Дубровник: Од цената да го слушате ќе ви се крене коса!

Дино Мерлин ќе настапи во престижниот хотел „Риксос Премиум“ во Дубровник за дочек на 2024 година.

Цената на пакетот наречен сина маса за две лица и три ноќевања е 1.395 евра (а има 10 отсто попуст до 31 октомври). Ноќевањето за дете до 12 години е бесплатно. Цената без попуст е 1.550 евра.

Пакетот црвена маса за две лица е 1.575 евра (10 отсто попуст за предвремено букирање), а без попуст е 1.750 евра. Пакетот наречен виолетова маса моментално е 1.755 евра, а без попуст е 1.950 евра. Во овие пакети бесплатно е вклучено и ноќевање за дете.

Понудата вклучува и празнична вечера но без пијалоци (пијалоците со вечерата се доплаќаат), афтер-парти со диџеј, новогодишна лотарија, детска новогодишна забава со програма за анимација и вечера со шведска маса. Секако, вечерта ќе ве забавува Дино Мерлин и со него ќе наздравите во Новата година. Тој од бина, вие од масите.

Мерлин и минатата година настапи во истиот хотел и ја воодушеви публиката со феноменален настап. Како што е веќе познато, тој ќе одржи четири концерти за пет дена на крајот на ноември во Штарк арената во Белград. Во Арена Загреб го очекуваат четири концерти.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....