18:21 - 7 април, 2026

Дијамантскиот бидермаер на познатата пејачка за кој сè уште се зборува, ниедна од девојките не можела да го фати

Кога пејачката Билјана Сечивановиќ го кажа судбоносното „да“ во 2021 година, беше јасно дека нејзината свадба ќе се памети како една од најспектакуларните во регионот, пишува Grand.rs.

Секој детаљ бил внимателно осмислен, но она за што најмногу се зборуваше, а се зборува и денес, е бидермаерот.

Освен традиционалниот цветен аранжман, Билјана имала луксузен бидермаер направен од дијаманти, циркони и бисери.

принтскрин/grand.nova.rs

Ова уникатно парче било толку посебно што се користело само за фотографирање, а ниедна девојка немала можност да го фати, затоа што Билјана не планирала да го фрли.

Бидермаерот на Билјана беше вистинско уметничко дело кое привлече повеќе внимание од многу венчаници видени на свадбите.

принтскрин/grand.nova.rs

За гламурот да биде комплетен, пејачката во текот на вечерта пресоблекла две раскошни венчаници, а во црквата пристигнала со кочија, што на целиот настан му дал филмски шарм.

Со присуството на речиси целата естрада, свадбата беше вистински спектакл, но дијамантскиот бидермаер остана симбол за несекојдневен луксуз.

Слични објави

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо
Се вчитува....