09:10 - 14 ноември, 2026

Џулија Фокс е горда што го напуштила Канје Вест: „Тој треба да си ги реши проблемите, немам енергија и време за ова“

Магазинот ES објави интервју со Џулија Фокс, која во написот се опишува како „актерка, писателка, муза, модел, инфлуенсерка“. 32-годишната Фокс ѝ е позната на јавноста главно во врска со бурната, но краткотрајна романса со Канје Вест. По раскинувањето, таа продолжува да го привлекува вниманието на печатот – сега благодарение на нејзините понекогаш екстремни изјави.

Фокс вели дека не ја продолжила врската со Вест поради повеќе причини, меѓу кои и премногу активниот начин на живот на раперот.

„Не можев да летам секоја недела некаде“- вели Фокс.

Таа сфатила дека Канје треба да се справи со сопствените проблеми,  и не била подготвена да ги решава неговите проблеми:

„Имаше многу нерешени прашања, а јас немав време и енергија за тоа. Горда сум на себе. Да бев онаа каква што бев пред да се роди Валентино дефинитивно ќе останев во оваа врска многу подолго време“.

Синот на актерката Валентино сега има една и пол година, татко на детето е нејзиниот поранешен сопруг Петер Артемиев, пилот на приватни авиони.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....