7.8 C
Скопје
20:48 - 1 април, 2026

Џонатан Мејџорс осомничен за насилство врз жена, адвокатите тврдат: „Виновна е жената која имала емоционален напад“

Адвокатот на актерот тврди дека „Џонатан Мејџорс е целосно невин и веројатно е жртва на расправија со жена што ја познава. Брзо собираме и презентираме докази до Окружниот обвинител со очекување дека сите обвиненија ќе бидат отфрлени веднаш. ”

Веста дека актерот Џонатан Мејџорс, ѕвездата на филмовите „Крид 3“ и „Антмен и оса: Квантуманија“, беше уапсен во Њујорк под обвинение за насилство врз триесетгодишна жена, одекна во медиумите ширум светот. Тој беше набргу ослободен.

Мејџорс наводно нападнал, давел, и малтретирал жена во стан на Менхетен, која повикала полиција околу 11 часот по локално време во саботата, пренесува АП.

„Полицијата приведе 33-годишен маж. Жртвата имала полесни повреди на главата и вратот и е пренесена во болница во стабилна состојба“, соопшти њујоршката полиција.

Мејџорс беше ослободен од притвор во саботата вечерта, а неговата адвокатка Прија Чаудри тврди дека Мејџорс е „жртва на тепачка со жена што ја познава“.

Чаудри тврди дека за инцидентот е виновна жената која имала „емоционална криза“.

Таа нагласи дека има докази кои ја докажуваат неговата невиност, вклучително и снимка од кабината каде жената обвинува дека се случила расправијата. Во случајот, адвокатката ќе го вклучи и сведочењето на возачот и другите луѓе кои го виделе настанот.

„Очекуваме овие обвиненија да бидат отфрлени наскоро. ДА обично бара наредби за заштита во вакви случаи додека тие се решаваат“.

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....