22:58 - 2 април, 2026

Џереми Ренер конечно е дома: Еве како овојпат ги поздрави своите обожаватели

Џереми Ренер конечно е дома. 52-годишниот актер е отпуштен од болницата во која беше од 1 јануари по несреќата која ја имаше при чистење снег.

Ренер беше хоспитализиран на почетокот на новата година а по неколку дена, постирајќи фотографија на Инстаграм тој самиот ги увери пријателите и обожавателите  ширум светот за неговата здравствена состојба која уште од првите изјави изгледаше многу сериозна.

И покрај лошата несреќа (траума на градниот кош и отежнато дишење) и стравот предизвикан од последиците, актерот никогаш не престана да биде активен на социјалните мрежи и да им пренесува новости за ситуацијата на своите обожаватели, смирувајќи ги дека ќе биде добро. Тој покажа благодарност и до сите членови на одделот кадешто беше хоспитализиран и докторите кои се грижеа за него.

Сега е дома , но ќе мора извесен период да одмора, пред да е подготвен да се врати на снимања што е можно поскоро.

Ренер откри дека можел дома да ја гледа премиерата на втората сезона на „Градоначалникот на Кингстаун“, во која глуми.

„И покрај зашеметеноста, бев многу возбуден да ја гледам првата епизода од втората сезона со моето семејство дома“, напиша актерот на Твитер.

Пријателите на Џереми Ренер се загрижени за неговото здравје – ќе се опоравува со години, несреќата беше многу тешка

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....