6.8 C
Скопје
05:25 - 31 март, 2026

Десетте најсилни фрази од интервјуто на Шакира по разделабата со Пике: „Моите испеани стихови се поефикасни од посета на психолог“

Шакира е повторно во центар на вестите за нејзините размислувања за изминатата година и разделбата со фудбалерот Пике. Во најновото интервју, за емисијата „Las estrellas“ од Мексико, таа изрази свои лични ставови.

Ова се десетте најдобри фрази кои пејачката ги кажа во овој разговор, во кои во ниту еден момент не го именуваше директно нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике.

10-те најдобри цитати од интервјуто на Шакира.

„Бев заљубена во љубовта и успеав да ја разберам од друга перспектива и да почувствувам дека сум доволноа сама за себе денес“.

„Кога жената се соочува со тежината што ѝ ја дава животот, таа излегува посилна“.

„Со тоа што сум во очите на јавноста, нашата разделба не е како секоја друга нормална разделба“.

„Сега се чувствувам комплетно. Се чувствувам посилно од лавица“.

„Зависам од себе, имам две деца и морам да бидам лавица за нив зашто тие зависат од мене“.

„Моите испеани стихови се поефикасни од посетата на психолог“.

„Изразувањето е спротивно на депресијата“.

„Некој требаше да направи фотографија како ја започнав и како ја завршив сесијата со Бизарап. Тоа беше излез за мојот процес на преболување“.

„Морате да толерирате фрустрација, има работи кои не ви одат по волја“.

„Во пеколот има место за жени кои не поддржуваат други жени“.

Шакира сепак, после непријатните предизвици со кои се соочи во текот на минатата година, зајакна и конечно ја исцели болката од неверството на Пике. Таа во интервјуто нагласи дека доживеала жалост што ја канализирала преку музиката.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....