13:04 - 3 април, 2026

Десет дами се закитија со титулата „Жена на годината “ – избрани се менаџерки, пејачка, инфлуенсерка, спортистка…

Во „Музеј на македонската борба“ денеска беа избрани десетте жени – победнички во изборот „Жена на годината 2022“.

Слаѓана Вујошевиќ е избрана за жена на годината, Виолета Томовска е избрана за жена со трајни вредности. Жена менаџерка на годината e Билјана Караманолевска, жена млада менаџерка на годината Светлана Кордумова. Потоа, жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата e Мартина Димовска, жена со најголеми достигнувања во културата Пламенка Трајковска. За најголеми достигнувања во спортот e избрана Оливера Наковска Бикова, жена со најголеми достигнувања за општеството Ребека Јанковска-Ристески. Најдобар стил има Дита Старова Ќерими и инфлуенсерка на годината e Александра Шијакоска.

Целта на изборот „Жена на годината“ е да се оддаде признание на жени кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати во годината што одминува.

Организатори на „Жена на годината“ се Маркетинг 365 и Касиа Евентс, а настанот е поддржан од Империал Тобако, Шпаркасе банка, БАС, Фабу спот, Фит Кит, Раде Кончар ТЕП, Семос Едукација, Нептун, Енерџи студио, Кариера.мк, Инекс Олгица, Пакомак, Биромаркет, Pageland, Пивара Скопје, Мебел Ви, Генерали Инвестментс, Среќа бар & фуд и Нестле Профешионал.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....