7.8 C
Скопје
23:37 - 30 март, 2026

Дејан Милиќевиќ проговори за тешкото детство: „Сега веќе немам желба да се остварам како татко“

Дејан Милиќевиќ соработуваше со сите најголеми ѕвезди во регионот. Тој е еден од најпознатите режисери на музички спотови и фотографи. Тој сега проговори за својот тежок живот.

Татко му го напуштил кога имал неполни две години, но мајка му му пружила многу љубов и внимание и од него, како што истакнува, направила добар човек.

„Никогаш мојот приватен живот не ми се одразувал на работата, тој дури и не постои, мојот живот е јавен. Приватно се гледам со неколку пријатели и со мојата мајка која живее преку пат од мене. Ритуал ми е да испијам кафенце со неа, да го претресеме денот, да ѝ укажам почит бидејќи имав 20 месеци кога мојот татко нѐ напушти. Мораше да биде и мајка и татко. Се бореше со сите животни неволји и успеа да изгради од мене човек кој е исправен, работлив и вреден“, изјави мИЛИЌЕВИЌ.

Тој потоа зборувал за односот со татко му.

„Одев кај него, се дружев со полубраќата, не бевме целосно одвоени. Секогаш имав поддршка од тие браќа, а од него помалку. Постојано патуваше, работеше, секогаш имаше некои работи да завршува и секако дека тоа се чувствува. Таткото како татко треба да постои, да биде присутен во растењето на еден млад човек и дефинитивно дека има многу празнини, но фала му на Бога што мајка ми успеа таа љубов некако да ја надомести и да го ублажи тој недостаток на татковска фигура“, раскажал Дејан Милиќевиќ.

Вели дека никогаш не би си дозволил да биде како неговиот татко.

„Да имаВ планови да имам свое семејство и да имаВ планови да се остварам како татко, сигурно дека не би дозволил такво нешто. Сигурно дека не би се однесувал како што тој се однесуваше кон мајка ми, мене и сите членови на семејството. Од сега па засекогаш сум соло играч, без желба да се остварам како родител. Треба да работам и да бидам ова што сум, сите мои дела всушност да бидат мои деца и да ги негувам и да бидам среќен. Тука се проектирав. Низ кариерата и работата се остварив како татко“, заклучи МИЛИЌЕВИЌ.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....