7.8 C
Скопје
01:45 - 31 март, 2026

Дарко Лазиќ го возеше синот на квад: „Ах како се ужива“

Пејачот Дарко Лазиќ живее со сопругата Катарина во Брестач. Кога нема настапи, слободното време најчесто го минува со децата, а овој пат својот син Алексеј го однел на возење со квад.

Со нив имало и машко друштво, а пејачот го возел синот низ шума и по долги, земјени патишта.

Сето тоа го снимил и го споделил со своите следбеници на Инстаграм.

– Ах, како се ужива! Момци, какво е денешното возење? – прашал Дарко.

– Доброоо! – извикал неговиот син.

Дарко и Алексеј се фотографирале качени на квад, држејќи ги кацигите во раце. На грбот на пејачот стоело презимето Лазиќ и бројот 24.

Да потсетиме, на Дарко Лазиќ претходно му беше одземена српската возачка дозвола. Поради бројни сообраќајни прекршоци доби забрана за управување со возило во Србија.

Потоа, според пишувањата, наводно полагал и добил возачка дозвола во Чешка, но и со таа дозвола не смеел да вози во Србија додека му траела забраната.

Дали во моментов поседува важечка возачка дозвола и дали му истекле сите забрани, засега не е познато.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....