01:30 - 2 април, 2026

Данијела Мартиновиќ откри со што ја освоил Јоисп: „Веднаш знаев дека е посебен“

Данијела Мартиновиќ откри како нејзиното ново момче, инспекторот Јосип Павиќ и го привлекол вниманието кога се сретнале, пред да се вљубат. Таа вели дека првото нешто на кое се сеќава кога ќе помисли на моментот кога се запознале е бојата на неговиот глас.

„Иако разговорот беше официјален, а ситуацијата во која се најдов ми беше сосема непозната, тој зрачеше со сталоженост и мир. На самиот крај од разговорот наместо „догледање“ ми рече: „Нека ве следи насмевка“. Веднаш знаев дека е посебна личност. Јосип е цврсто закотвен, нема тензии со него, тој секогаш наоѓа начин и пристапува на се темелно“, изјави Данијела за Story.hr.

Хрватската пејачка понатаму открива дека имаат многу заедничко во љубовта кон природата и спортот, особено кон возење велосипеди во природа, но и музичката страна ги поврзува.

„Тој играше пејнтбол, имаше рок бенд за кој ги компонираше повеќето песни, а готвењето го опушта, па често ме изненадува со неговата мала кулинарска магија. Понекогаш патува со мене на концерти, кога обврските му дозволуваат”, вели пејачката за хрватско „стори“.

Данијела неодамна ја објави книгата „Туширање душе“, а Јосип не бил запознаен со содржината на целата книга.

„Беше запознаен само со одредени делови и дури кога беше отпечатена книгата, ја прочита целосно. Потоа ми рече: „Верувам дека читајќи ја книгата, многу луѓе ќе најдат смисла во предизвикувачките моменти од нивниот живот и ќе ги сфатат пораките и на убавите и на помалку убавите периоди“, рече Данијела.

Да потсетиме, Данијела се запознала со Плавиќ кога нејзината адвокатка пред околу една година поднела пријава за кражба на идентитет преку интернет. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се дружат.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....