9.8 C
Скопје
21:46 - 19 февруари, 2026

Дадилката открива детали за драмата меѓу Оливија Вајлд и Џејсон Судеикис: Наводно се фрлил под нејзиниот автомобил зашто се гледала со Стајлс

Раскинувањето на врската на познатата актерска двојка Џејсон Судеикис (47) и Оливија Вајлд (38) изобилува со драматични ситуации.

Драмата започна во 2020 година, кога крајот на нивната седумгодишната врска стана јавен. Иако неколку пати се видени во јавноста по раскинувањето, нивната врска е посложена отколку што изгледа, а сè започна со предавањето на документите за старателство на двете нивни деца и тоа кога Оливија беше на сцената пред публиката.

Сега според зборувањето на дадилката, се случила нова драма. Судеикис не можел да поднесе што неговата поранешна свршеница Оливија наводно се вселила кај новото момче, познатиот британски пејач Хари Стајлс, па наводно се фрлил под автомобилот на актерката за да ја спречи да оди кај новото момче. Дадилката споделила „скриншотови“ од пораките кои ги разменувала со Судеикис и со Вајлд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Wilde (@oliviawilde)

Вајлд претходно рече дека нивната разделба била пријателска, но таа не очекувала Судеикис да се однесува вака. Актерот наводно и се пожалил на дадилката дека неговата бивша имала нова партнер, која рекла дека на Џејсон му е скршено срцето и дека Оливија е опседната со Стајлс.

Судеикис и Вајлд ги негираат гласините што ги прошири дадилката.

„Како на родители ни е неверојатно вознемирувачки да дознаеме дека поранешната дадилка на нашите две мали деца би избрала јавно да изнесува такви лажни тврдења за нас. Нејзината сега веќе 18-месечна кампања за малтретирање на нас и на нашите најблиски, пријатели и колеги, го достигна својот несреќен врв“, се вели во заедничката изјава на поранешната двојка.

Слични објави

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо
Се вчитува....