20:22 - 14 ноември, 2026

Да ја номинираме најуспешната жена во Македонија – Мајлинда Брегу повикува да направиме ибор до 28 февруари

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу денеска изјави дека започнаа номинациите на кандидатите за наградата Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година.

РЦЦ ги покани сите заинтересирани до 28 февруари да номинираат жена претприемач на годината во една или повеќе категории – жена еколошки претприемач, креативна жена претприемач, жена претприемач во туризмот, жена претприемач Ромка, жена стартап претприемач и млада жена претприемач.

Намерата на иницијативата е да се оддаде „скромно признание на храбрите и силни жени кои се осмелиле да се борат против стереотипите и да донесат промени“ и дека придонесот на жените претприемачи е клучен за напредокот на Западен Балкан.

Оваа награда е воспоставена минатата година за жени претприемачи на годината од Западен Балкан како дел од својата програма за економско зајакнување на жените во рамките на Акцискиот план за заеднички регионален пазар 2021-2024 година.

Слични објави

Голема прослава во домот на Дадо Полумента: планира свадба следната година, а сега се огласи за посебен повод

Еспресо

Поранешниот свекор на Сузана Јовановиќ откри детали од нејзиниот прв брак: „Се зедоа по само петнаесет дена, но несогласувањата брзо излегоа на површина“

Е.А.

Новогодишни хонорари на балканските ѕвезди: Здравко Чолиќ и Цеца на врвот на листата за најлудата ноќ

Е.А.

Бресквица со емотивна објава за новиот партнер: „Ти дадов збор дека ова е засекогаш“

Е.А.

Дарио Панковски со емотивна исповед: Растев сам, немаше кој да ме научи како да одам низ животот

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус го покажа својот син Леоне кој ретко се појавува во јавноста

Еспресо
Се вчитува....