03:38 - 6 април, 2026

Чолиќ со трогателна порака по смртта на Халид Бешлиќ: „Веќе недостасува сè што споделивме од 1985 година“

Еден од најпознатите босанско-херцеговски пејачи, Халид Бешлиќ, почина вчера на 71-годишна возраст по долга и тешка борба со сериозна болест.

Неговата смрт остави голема празнина во светот на музиката, а бројни колеги и пријатели му упатија зборови исполнети со тага и почит.

Познатиот пејач Здравко Чолиќ објави фотографија од Халид и напиша трогателна порака.

„Халиде, веќе недостасуваш. Нашите незаборавни дружења, патувања и сè што споделивме од 1985 година, откако се запознавме, ќе останат во сеќавање. Остануваат твоите песни – лек за душата. Почивај во мир, те сака твојот Чоки,“ напиша Чолиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zdravko Čolić (@zdravko.colic)

Халид Бешлиќ зад себе остави бројни безвременски хитови што ќе живеат уште долго меѓу неговите обожаватели.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....