6.8 C
Скопје
02:49 - 31 март, 2026

Чарлс Трети одлучи да ги избрка Меган и Хари од нивната куќа во Фрогмор: Војводите се бунат да имаат можност да си ги соберат барем „парталите“ од таму!

Кралот Чарлс III од Велика Британија одлучи да ги истера принцот Хари и Меган Маркл од нивната кралска резиденција, пренесува The Sun.

Според новинарите, Бакингемската палата им испратила известување на војводите од Сасекс дека се протерани од Колибата Фрогмор неколку дена по објавувањето на скандалозните мемоари на принцот Хари, The Spare.

Се известува дека Чарлс Трети сака резиденцијата на Меган и Хари да ја преземе неговиот помлад брат принцот Ендру. Според гласините, Хари и Меган се спротивставувале на овој потег, но се тврди дека војводите од Сасекс сепак ќе бидат принудени да го напуштат Фрогмор.

„Ова секако го означува крајот на престојот на Хари и Меган во Обединетото Кралство“, изјави упатен извор за новинарите.

Принцот Хари и Меган Маркл интензивно размислуваат како да ги извлечат работите од Замокот Фрогмор и да ги пренесат до нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.

Оттука и тие се бунеле да им дадат повеќе време, но изгледа дека и работите ќе ги загубат сосе замокот.

Колибата Фрогмор беше свадбениот подарок на покојната кралица Елизабета Втора на нејзиниот внук Хари и неговата сопруга Меган Маркл. Откако го добија, војводите од Сасекс изјавија дека „нивното семејство секогаш ќе има каде да се врати дома во Обединетото Кралство“. Пред да се преселат во нова резиденција, тие направија поправки кои чинат 2,4 милиони фунти, но живееја во неа само 6 месеци, по што ја напуштија Велика Британија со скандал.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....