11:50 - 12 април, 2026

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Српската фолк пејачка Сека Алексиќ одлучила преку својот гардеробер и со работите што ги купувала и ги плаќала, сега да им помогне на другите.

– Собирам чевли што ќе ги продавам за хуманитарни цели. Во половина од моите чевли не можам да влезам, ми порасна ногата! Не знам како сум купувала 37, сега носам 39 – рекла пејачката.

– Чевлите што не ги носам не ги давам никому на подарок, кој сака да ги купи – повелете. Многу луѓе се јавија кои сакаат да купат, ќе видиме што ќе се случи. Јас досега сè подарував, на пријателки, сосетло, другарки, на мојата дадилка и до-ден денес – објаснила таа.

Меѓутоа, она што особено ги насмеало сите било нејзиното признавање за тоа порано ги чувала во кујнските апарати.

Со години наназад, Сека апелира за заштита на животните, но се сетила и на периодот кога носела крзно и скапи бунди, па открила на кој начин ги чувала споделувајќи бизарен совет со сите.

– Ги чував бундите во фрижидер додека носев вистинско крзно! Веќе со години не носам бунди, само вештачко крзно, а сите бунди ги подарив. Некој порано ми рече кога опаѓа крзната да ги ставам бундите во замрзнувач, тогаш го направив тоа – признала пејачката со смеење.

На самиот крај, Сека се осврнала и на своите стари хитови, како и на бракот со Вељко Пиљикиќ.

 

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.
Се вчитува....