05:16 - 3 април, 2026

Бритни Спирс ноќе го претепала сопругот: Нови детали за скандалозниот развод

По една година официјален брак, Бритни Спирс и Сем Асгари се подготвуваат за развод.

29-годишниот иранско-американски актер и фитнес тренер Сем Асгари тврди дека Бритни Спирс го тепала ноќе. За тоа пишува TMZ.

Според изворите, уметницата имала неколку тепачки со нејзиниот досега официјален сопруг Сем Асгари и еднаш му „го помодрела окото“ додека Асгари спиел.

Актерот им раскажал на пријателите дека 41-годишната ѕвезда буквално го нападнала.

Извори за ТМЗ изјавиле дека имало бројни тепачки во кои морало да интервенира обезбедувањето. Сем наводно бил шокиран откако неговата сопруга почнала да го тепа додека тој спиел во нивниот заеднички кревет.

Тој дури има и доказ за малтретирањата од страна на пејачката, зашто бил фотографиран со модринки на рацете и лицето.

Неодамна се појави веста дека парот се разведува по една година официјален брак.

Изворите тврдат како Асгари мислел дека може да ја „спаси“ врската, но по 13 месеци брак, сфатил дека воопшто нема шанси да ја „спаси Бритни“. Во меѓувреме, за разводот, Бритни ја ангажираше адвокатката која го бранеше Џони Деп при случајот за клевета со Амбер Херд. Сем Асгари пак, од своја страна, ангажирал добри адвокати кои ќе имаат цел да ѝ наплатат на Бритни за „малтретирањата“ иако предбрачниот договор вклучува ставка која вели дека тој нема право на никаков финансиски надоместок од славната пејачка во случај на развод.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....