6.8 C
Скопје
02:48 - 31 март, 2026

Бресквица откри зошто нема потреба од обезбедување: „Тие ме научија како да се однесувам“

Пејачката Анѓела Игњатовиќ – Бресквица присуствуваше на прославата по повод раѓањето на Лола Амиџиќ, ќерката на водителскиот пар Мина Наумовиќ и Огњен Амиџиќ, каде зборуваше за односот со Огњен, но и за непријатни ситуации што ѝ се случиле за време на јавни настапи.

„Не знам дали ќе стигнам да запеам, мораме брзо да тргнеме. Дојдов да го испочитувам Огњен. Тој и јас сме во добар однос во последно време, ми прија, баш е кул лик. Се дружиме, мислам дека до тоа е. Мило ми е што сум тука, не знаев дека поканил мал број луѓе“, истакна Анѓела, па се осврна и на темата за имиња за деца.

„Не сум размислувала за имиња за мои деца, навистина нема потреба“, кратко додаде таа, а потоа проговори и за личното обезбедување.

Иако имала непријатни искуства, Бресквица вели дека не чувствува потреба да има обезбедување.

„Немам страв да се движам сама. На сите ни се случуваат непријатни работи. Баш ми е критично да имам обезбедување. Она што ми се случило е дека обезбедувањето од клуб ме извело на бина. Најлошото нешто што ми се случило беше кога една девојка беше толку среќна што ме гледа, што со обетка ми ја раскрвари главата – ама тоа беше од среќа, ништо лошо“, се присети пејачката.

Во последно време Бресквица сè почесто се појавува во медиумите, за разлика од порано.

„На почетокот свесно бирав да не се појавувам. Сега решив да се појавувам. Пораснав и сфатив како функционира ова. Имам тим околу мене кој ме научи како да се однесувам. Некои други избираат да не се појавуваат“, објасни таа.

За крај, Анѓела ги откри и своите планови за иднината.

„Одмарав неколку дена, од утре влегувам во студио. Работам на албум – снимање песни, па снимање спотови. Подготвувам нешто поинакво. Сакам да експериментирам со жанрови“, заклучи Бресквица.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....