10:19 - 5 декември, 2025

Сними „жежок“ спот со Северина, а беше во врска со Наоми Кемпбел: Босанскиот манекен доживеа скандал со својот ресторан во Загреб

Светски познатиот манекен Аднан Талетовиќ, кој позираше за најголемите модни куќи и беше на насловните страници на престижни списанија, деновиве се соочува со неочекувани проблеми во својот ресторан во Загреб.

Поранешниот манекен, а денес угостител, влезе во конфликт со поранешниот келнер Мислав С. (33). Според Талетовиќ, несогласувањата започнале околу исплатата за последните 12 работни дена во април 2025 година. Инцидентот што се случил на 29 март — според кажувањата на гости — предизвикал бран негативни рецензии на „Гугл“, што, како што тврди, сериозно му го нарушило бизнисот.

Талетовиќ вели дека келнерот дошол во локалот агресивно барајќи пари, додека Мислав С. ги негира сите обвинувања.

Аднан Талетовиќ е роден во Брчко, а пред да се врати во Загреб живеел во Мароко — во дворецот на кралот Мохамед VI. Таму престојувал со својата партнерка, принцезата Лала Хасна, најмладата ќерка на покојниот крал Хасан II, пренесе „Слободна Босна“.

Растел во Риека, каде што и се школувал. На 23 години, во 1990 година, заминал во Париз и ја продолжил манекенската кариера започната уште во средно училиште. Многу брзо влегол во високите модни кругови и воспоставил контакти кои му ги отвориле вратите на светската мода.

„Многу ми помогна Карл Лагерфелд, кралот на високата мода. Мрачни, хомосексуални типови кои веруваа дека можат да реализираат свои изопачени идеи, по моето пријателство со Лагерфелд, одеднаш исчезнаа од мојата близина,“ изјавил Талетовиќ во интервју за „Слободна Босна“.

По шест години во Париз, се преселил во Лос Анџелес, каде што запишал глума. Неговите врски со светските убавици често биле тема на медиумите.

Најмногу се пишувало за неговата романса со Наоми Кемпбел, која, според него, завршила поради нејзиниот бурен темперамент.

„Јас луд, таа уште полуда – тоа не можеше да функционира“, изјавил Талетовиќ.

Во раните 2000-ти бил во љубовна врска и со Северина, со која го сними спотот за песната „Да си мој“. Но и таа врска кратко траела.

Талетовиќ позирал за бројни престижни модни списанија и играл во сапуници во Лос Анџелес. Работел со најголемите имиња од индустријата: Карл Лагерфелд, Валентино, Ив Сен Лоран, Версаче, Мошино, Гучи, Ферé и Тиери Миглер.

Живеел во Рим, Милано, Лондон, Њујорк и Хонг Конг. Има одиграно улога и во кинески кунг-фу филм.

Во Истанбул бил прогласен за најдобар модел на светот, а во Пекинг ја добил титулата светски мистер фотогеничност.

Слични објави

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо
Се вчитува....