18:30 - 6 април, 2026

Босанецот Омчо „гази“ со прегледи, попопуларен е и од Бака Прасе: Заработка од 30.000 евра месечно

Омер Надаревиќ од Бихаќ, попознат како Омчо, е на прво место на Балканот по број на следбеници и прегледи на Јутјуб.

Според последните податоци, Омчо има два милиони и 92.000 следбеници на истоимениот канал, со што го престигнал Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе.

Меѓутоа, она што многу луѓе во регионот не го знаат е фактот дека Омчо и неговиот тим се свртеле и кон странскиот пазар, па така го лансирале каналот Фат Тв кој има дури шест милиони и 59.000 претплатници.

Судејќи според платформата Socialblade, како и она што може да се види на „странскиот канал“ на Омчо, Омчо има речиси четири милијарди прегледи во последните 30 дена – што го става во најгледаните канали!

Според податоците од гореспоменатата платформа која вклучува широк спектар на факти кои можат да влијаат на заработката на Јутјуб, Омчо наводно заработува помеѓу 96.500 и 1.500.000 американски долари месечно на неговиот втор канал Фат Тв, што речиси и не е за верување!

Дека успехот на Омчо не може да се оспори, еднаш потврди и Бака Прасе, кој во својот лајфстрим пресметал дека Омчо речиси сигурно заработува меѓу 20.000 и 30.000 евра дневно.

Заедно со каналот на Омчо, на листата на 100 најгледани во светот се и профилите на Дизни, Ен-Би-Си и други медиумски компании, како и светски ѕвезди, кои се зад него на оваа листа, како Џастин Бибер, Дуа Липа и други, пренесуваат српските портали.

Слични објави

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо
Се вчитува....