6.8 C
Скопје
20:23 - 2 март, 2026

Бобан Рајовиќ ѝ честиташе принова на погрешната Милица, симпатичната забуна ја насмеа јавноста

Пејачката Милица Тодоровиќ минатата недела стана мајка и на свет го донесе синот Богдан, по што веста брзо се прошири низ медиумите. Меѓу првите што ѝ честитаа беше и нејзината колешка и имењачка, Милица Павловиќ.

Сепак, токму таа откри една симпатична анегдота поврзана со честитките. Како што раскажа, колегата Бобан Рајовиќ ненамерно ги помешал двете пејачки и ѝ честитал раѓање дете – но на погрешната Милица.

– За да ве насмеам малку: денот по породувањето на Милица, тргнав на пилатес и ми стигна порака од Бобан. Ми пишува: „Миле моја, честито раѓање дете, да сте живи и здрави“. Се смеев додека одев и се прашував дали го утнал профилот – раскажа Милица Павловиќ.

Таа му одговорила со гласовна порака и му појаснила дека сè уште не е мајка, на што Бобан со насмевка признал: „Која будала сум јас“.

– Преслатка ситуација. Бобан е многу шармантен, а јас секогаш кога ќе се спомне Милица Тодоровиќ и бебето, ќе се сетам на ова – додаде Павловиќ.

Слични објави

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо
Се вчитува....