3.8 C
Скопје
22:27 - 20 декември, 2024

Бил Гејтс сака да му „врати“ пари на општеството и да стане „сиромавиот од Сиетл“

Пресвртна точка во животот на тајкунот од Сиетл.

Во серија твитови, ко-основачот на Мајкрософт, долго време најбогат човек во светот – и кој сè уште е во првите десет – објавува дека сака да му „врати ресурси на општеството“. Меѓу проектите кои ги планира се и донација од 300 милиони долари за различни медиуми.

Бил Гејтс (66), ко-основачот на Мајкрософт и сè уште еден од најбогатите луѓе на планетата, се огласи на Твитер за да објави дека повеќе не сака да биде богат.

До 2026 година, најави Гејтс, Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ ќе ги зголеми своите донации од 6 милијарди долари на 9 милијарди долари годишно, а за да ја покаже својата сериозност во намерата најави уште една донација од 20 милијарди долари. Во серија твитови, тајкунот од Сиетл вели дека сака „виртуелно да ги донира сите (свои) средства на Фондацијата“ со цел „да се симне од листата на најбогати во светот“.

Фондацијата, создадена од Гејтс со неговата тогашна сопруга Мелинда Френч Гејтс во 2000 година (парот се разведе во 2021 година, по 27 години брак) има основна цел да ја подобри здравствената заштита, да ја намали сиромаштијата, да ги прошири можностите за образование и да го зголеми пристапот до технологијата.

Загрижен за конфликтот меѓу Русија и Украина и глобалната криза

Милијардерот вели дека е загрижен за глобалните кризи, вклучувајќи ја пандемијата, конфликтот меѓу Украина и Русија, климатските промени и родовата еднаквост во Соединетите Држави, но забележува: „Сè уште сум оптимист. Овие неуспеси се случуваат во контекст на две децении и верувам дека е можно да се ублажи штетата и да се врати напредокот во светот“, напиша, а потоа му се заблагодари на друг милијардер, претприемачот Ворен Бафет, за неговата „неверојатна великодушност“. Гејтс додава: „Имам обврска да ги вратам моите ресурси во општеството на начини кои имаат најголемо влијание за намалување на страдањето и подобрување на животот. И се надевам дека и другите кои се на позиции со големо богатство и привилегии, исто така, ќе исчекорат напред во овој момент“.

instagram

Инвестиции од над 300 милиони долари во медиуми

Големите медиуми се исто така меѓу каузите поддржани од Гејтс. Според сајтот „МинтПрес“, додека медиумските империи на другите милијардери се прилично добро познати, парите што Гејтс ги исплатил на медиумите не се. По прегледувањето на преку 30.000 индивидуални грантови, „МинтПрес“ открива дека Гејтс, преку Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, направил донации од над 300 милиони долари за финансирање медиумски проекти. А меѓу нив се и многу од најважните американски весници. Гејтс, исто така, спонзорира голем број влијателни странски медиуми, вклучувајќи ги Би-Би-Си, Гардијан, Фајненшл Тајмс и Дејли Телеграф во Велика Британија, како и водечки европски весници како што се Ле Монд (Франција), Дер Шпигел (Германија) и Ел Паис ( Шпанија), како и глобалните радиодифузери како што е Ал Џезира. Бил Гејтс донирал вкупно 319 милиони долари за овие медиуми, открива сајтот.

Потсетуваме дека во 2017 година, тајкунот јавно изјави дека на неговите деца ќе им остави наследство од „само“ 10 милиони долари, сметајќи дека тие сами треба да се изборат за својот вистински пат. „Нашите деца ќе имаат одлично образование и доволно пари за да немаат економски тешкотии, но тие мора да изградат свој пат. Тие го разбираат ова и ја поддржуваат нашата одлука“, рече тогаш Гејтс.

Богатство предодредено да расте

Проценетата вредност на Бил Гејтс е приближно 113 милијарди долари, меѓутоа, сумата е предодредена да расте во иднина. Најголем дел од неговото богатство во моментов доаѓа од корпоративните акции, вклучувајќи ги и оние во Мајкрософт каде што тој поседува само 1% од компанијата што ја основал и сега вреди 19 милијарди долари. Неговиот имот се проценува дека пораснал за 25% во последните 5 години и покрај тоа што веќе донирал многу за фондацијата и зад себе има многу „солен“ развод кој го чинел најмалку 6 милијарди долари. Активностите на Гејтс се проценува дека ќе продолжат да акумулираат дополнитена вредност во следните неколку години и така американскиот претприемач би можел да има поголема сума пари на располагање за добротворни цели.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....