11.8 C
Скопје
19:33 - 17 март, 2026

Бил Гејтс откри каков ќе биде животот после ковид-19 и кога би следела наредната пандемија

Бил Гејтс зборуваше за подготвеноста на светот на идни пандемии и со кои предизвици ќе се соочи човештвото тогаш.

Основачот на Мајкрософт и претходно предупредуваше дека пандемијата како таа на коронавирусот би можела да се случи, а сега ја изнесе својата визија за светот по ковид-19.

Гејтс смета дека би можеле повторно да имаме глобална пандемија.
– Да, но се надевам за 20 години. Но мораме да бидеме подготвени и на нова пандемија за три години, рече Гејтс.

– Постои разумна веројатност дека светот ќе се соочи со нешто слично во следните 10 или 15 години, додаде тој.

Гејтс за светот после ковид-19

Иако последните недели сведочиме на вести за изнаоѓање на неколку кандидати за вакцина против коронавирусот, Гејтс смета дека елиминацијата на вирусот нема да го врати животот како што беше пред пандемијата.
Гејтс смета дека работните навики се засекогаш променети откако многу луѓе во оваа пандемија почнаа да работат од дома.

– Мислам дека ќе исчезнат повеќе од 50 отсто од службените патувања и преку 30 отсто од деновите поминати во канцеларија. Ние ќе продолжиме да одиме во канцелариите и на службени патувања, но во многу помала мера, смета Гејтс.

Слични објави

Велат дека ова е најдобрата пилешка салата што можете да ја направите – трикот е во подготовката на месото

Еспресо

(Фото) Николија пред Реља била во љубов со НБА кошаркар: Врската траела две години, но кариерата пресудила

Е.А.

Дали е време за укинување на Оскарите? Церемонијата се соочува со обвинувања за дискриминација, пад на гледаноста и игнорирање од ѕвездите

Еспресо

Аца Амадеус со нови шокантни тврдења: Тврди дека поранешната сопруга била приведена

Е.А.

(Фото) Сестрата на Богдана Ражнатовиќ отиде во Москва: Мами воздишки во мини здолниште и мрежести чорапи

Еспресо

Драма на бензинска пумпа, разбојник се заканувал со нож, во сè е вмешан и Аца Лукас

Еспресо
Се вчитува....