03:54 - 6 април, 2026

Биба Додева лута поради скандалот со внукот: Не го пуштиле да јаде на училиште, а сметката за ужина била платена

Биба Додева се огласи налутено на Фејсбук, откако нејзиниот внук Александар не го пуштиле да јаде во училиште со своите врсници.
Сметката за исхрана во училиштето како што вели Биба била платена, а тие од училиштето уплатата не ја видела на сметка. Пејачката најави дека дека лично ќе оди во училиштето за да го запознае персоналот кој стои зад ова.
– Денеска некојa од кујната во школото на внук ми, решила да не го пушти во кујна и да не му даде јадење затоа што уплатата од вчера сѐ уште не ја виделе на сметка. И после комуникацијата со ќерка ми која им ја пратила уплатата скенирана, тие не ѝ ја признале.
И тоа по неколку пати замолба од ќерка ми предходните денови да ѝ пуштат некаков примерок затоа што Алекс вирманите не ги донел дома, ги имал некаде заборавено/загубено. И тоа сметка со полна сума затоа што не одбиле од сумата кога бил болен и не доаѓал на училиште. Истите тие што отруја деца пред некое време.
Оставаат дете само, и не даваат да не влезе заедно со другарчињата зошто нели многу ќе им изеде од лебот. 8 и пол годишно дете. Па мамичето ваше, сите нека ве знаат, а јас ќе дојдам скоро и лично ќе ве запознаам!
Пу јаз’к. Од срце им благодарам на наставничките Ивана и Билјана кои си го прибрале Алекс, му земале за јадење и веднаш ја информирале Емануела за оваа лудост- напиша пејачката на Фејсбук.
Фото / Фејсбук принтскрин

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....