13.8 C
Скопје
14:10 - 17 март, 2026

„Бев под линијата, примаа само 70 студенти“: Ана Николиќ проговори за еден од најголеми порази во животот

Популарната пејачка Ана Николиќ ретко зборува за своите рани амбиции, кои воопшто не биле поврзани со музика и естрада. По завршувањето на гимназијата, Ана се запишала на вишата политехничка школа, насока дизајн на кожа и обувки. Но, нејзините интереси биле многу пошироки – дури размислувала и за медицински факултет, а била и на приемен испит за студии по англиски јазик.

Токму тој момент денес го памети како големо разочарување.

„Англиски не успеав да запишам. Тоа ми беше најголемиот пораз. Бев под цртата – примаа 70 студенти, а беа пријавени повеќе од 2.000 кандидати. Бев во шок: Јас под цртата?!Па самата си одредив казна – таа година не заминав на море и се вработив во еден кафе-бар. Тоа за мене беше огромен удар“, раскажала Ана.

Пејачката открила дека пред тоа сонувала за сосема друга професија – глумата. Но, како што вели, овој пат никогаш не го започнала, делумно и поради реакцијата на нејзиниот татко.

„Сакаав да ги натерам родителите да ме пуштат да полагам глума уште во трета година гимназија. Не ми рекоа не, но доволно беше татко ми само да ме погледне. Неговиот поглед зборуваше повеќе од зборови“, искрено признала Николиќ.

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....