9.8 C
Скопје
20:08 - 18 март, 2026

Бен Афлек се сретна со својата поранешна сопруга: Џенифер Лопез во емотивна и професионална криза

Среде гласините за распадот на бракот на Бен Афлек и Џенифер Лопез, фановите сега се прашуваат што ќе се случи ако актерот се врати кај поранешната сопруга, Џенифер Гарнер, наместо кај Џеј Ло.

Кога Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно ја разгореа својата романса во 2021 година, по повеќе од 15 години, фановите не престанаа да реагираат позитивно на социјалните мрежи.

И додека веќе се шират гласини за разводот на Афлек и Лопез, актерот во својот изнајмен дом во Лос Анџелес го посетила неговата поранешна сопруга и мајка на неговите три деца Џенифер Гарнер, со која останува во пријателски односи.

Парот се раздели во 2018 година по 10 години брак, но остана близок, најмногу поради децата- ќерката Виолет (18), и синовите Фин (15) и Семјуел (12).

И покрај подемите и падовите во нивниот брак и евентуалниот развод кој можеби е на повидок, Џенифер го опиша Бен како љубов на нејзиниот живот,пишува ShowBuzz.

Во меѓувреме, Лопез не минува само низ емотивна криза, туку и низ професионална. Завчера таа најави дека ја откажува долгоочекуванита турнејаниз САД, а нејзиниот најнов филм во кој глуми, кој се прикажува на Нетфликс, добива ужасни критики. Филмот моментно има оценка 5,6, на основа на 19 000 рецензии.

„Џенифер цвили, плаче и вриска премногу“ во филмот, „Добри визуелни ефекти и приказната има многу потенцијал. Но, за жал, лошата главна актерка како оваа (Џенифер) може да уништи филм“, „Ако се прашувате како Џенифер Лопез успеа да добие главна улога која е целосно погрешна, добро… таа го продуцираше филмот. Истото беше и со нејзините претходни филмови“….гласат некои од коментарите.

(Фото) Елеганција и гламур: Македонскиот дизајнер Златко Јовановски ја облече сопственичката на „Сваровски“

Слични објави

Венцислава Тафкова за жената што почина по естетска процедура: „Престанете да покажувате со прст“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ е хит на Тикток, а сега призна: „Без него никогаш не би можел да ја наполнам Арената“

Е.А.

Многумина го игнорираат овој ран симптом на деменција: Предупредувачки знак може да се појави и при качување по скали.

Еспресо

Мајката на Жељко Јоксимовиќ за односот со Јована: „Не можеше да ми прости“

Еспресо

„Оперирана е, излезе од шок соба“: Лепа Лукиќ проговори за здравствената состојба на Зорица Брунцлик

Еспресо

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо
Се вчитува....