10.8 C
Скопје
15:08 - 18 февруари, 2026

(Видео) Бела Хадид слави пет месеци без алкохол: „Бев ужасно вознемирена и имав депресивни мисли“

Супермоделот и славна личност Бела Хадид (26) реши да прослави пет месеци трезвено со стил со прослава во Лас Вегас.

Таа се откажа од пиењето минатата година во обид да ја врати контролата врз својот живот и да се справи со нејзината анксиозност.

Американката со холандско и палестинско потекло го сподели својот триумф и своето патување со нејзините милиони следбеници на социјалните мрежи.

@babybella777

5 months alcohol free

♬ Unlock it x better off alone – roxi audios

„5 месеци без алкохол“, рече Хадид на Тик Ток.

Хадид сподели и фотографии облечена во црвен фустан којго носеше за отворањето на ресторанот Stanton Social Prime во хотелот и казиното Цезар Палас. Фотографиите на Инстаграм собраа над милион лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

На прашањето на новинарка од Инстајл како одлучила и зошто да не пие алкохол, Бела одговара.

„Не чувствувам потреба [да пијам алкохол] бидејќи знам како тоа ќе влијае на мене во 3 часот наутро кога ќе се разбудам со ужасна вознемиреност размислувајќи за онаа работа што ја кажав пред пет години кога завршив средно училиште (кога имала депресивни и самоубивствени мисли)“ – изјави Хадид во интервју за InStyle.

„Го има само оној бесконечен ефект на, во суштина, знаете, болка и стрес поради тие неколку пијалоци кои навистина не помогнале многу, знаете?

„Го сакав алкохолот и дојде до точка кога почнав да се чувствувам дека не можам да се контролирам“, објасни убавицата.

Хадид неодамна лансираше компанија за безалкохолни пијалоци со кофеин и со витамини, наречена „Кин“. Нејзиното патување во Лас Вегас беше делумно и благодарение на новото партнерство помеѓу Кин и Палас Цезар.

Слични објави

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо

Откако брутално го претепаа син ѝ, Снежана Ѓуришиќ го откажа учеството на концертот посветен на Шабан Шаулиќ

Еспресо

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо

Познатиот српски јутјубер доживеал страшна сообраќајна несреќа, автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ си ја отвори душата: „Молчев со години, доживеав сериозни трауми“

Еспресо
Се вчитува....