7.8 C
Скопје
06:37 - 2 април, 2026

Бајден сепак попушти: Американското Министерство за правда му додели имунитет на саудискиот престолонаследник во случајот Кашоги

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави поднесе до судот мислење дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман има имунитет во убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги, пренесува Асошиетед прес.

Судија на федералниот суд во Вашингтон упати барање до Министерството за правда, поради фактот што Мохамед бин Салман зазема високи владини позиции и теоретски би можел да има имунитет од кривично гонење во овој случај.

„Во согласност со општите принципи <…> Премиерот бин Салман Ал Сауд, како актуелен шеф на владата, ужива имунитет за време на неговиот мандат“, се вели во соопштението.

Сепак, барањето, како и одговорот на него имаат само советодавна моќ – конечната одлука ќе се донесе на суд.

Претходно, поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео го прекори американскиот претседател Џо Бајден за влошување на односите со Саудиска Арабија.

Кој е Мохамед Бин Салман, принцот на интригите и скандалите: Тежи 13 милијарди фунти, оженет за роднина, сопственик на англискиот фудбалски клуб „Њукасл“…

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....