23:02 - 5 април, 2026

Азис ќе се жени во Америка: Неговата најдобра пријателка нема да присуствува на церемонијата

Бугарската поп-фолк иконата Васил Бојанов – Азис, кој моментално престојува на заслужен одмор во странство, ги изненади своите обожаватели со неочекувано признание дека ќе стапи во брак, пишува Хот Арена“.

Во текот на викендот, пејачот беше активен на социјалните мрежи, каде што одговараше на различни прашања од своите следбеници. На прашањето што можат да очекуваат од него во новата година, Азис одговори кратко и јасно: „Се женам.“

Одговорот веднаш предизвика лавина реакции и бројни прашања – за кого, кога и каде? Набргу потоа, Азис откри дека свадбената церемонија ќе биде исклучително интимна, со најмногу 10 гости. Тој нагласи дека свадбата нема да се одржи без присуство на Галена, неговата долгогодишна пријателка и сценска партнерка.

Пејачот беше дециден дека бракот ќе остане далеку од очите на јавноста, без медиумска врева и без објавени фотографии или видеа. За да ја зачува приватноста, тој откри дека свадбата ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, што, како што вели, донекаде ги комплицира работите со гостите.

„Почнувам да се каам што ви го кажав ова. Никој нема да види ништо од мојата свадба. Нема да има фотографии ниту видеа. Галена ми е како сестра и, секако, ќе биде покрај мене. Но размислуваме свадбата да биде во Америка, што малку ги отежнува работите за гостите“, изјави Азис.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....