13:46 - 3 април, 2026

Авиони, скапи автомобили, договор од милион долари… Хасбула е најголемата ѕвезда на Интернет

20-годишниот Русин Хасбула Магомедов е една од најголемите интернет ѕвезди на денешницата, а неговите обожаватели беа воодушевени од веста дека тој официјално потпиша петгодишен договор со УФЦ.

Поради ретко генетско нарушување, Хасбула иако има 20 години изгледа како дете, но токму тоа му донесе статус на светска сензација која денес живее на висока нога.

Хасбула има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм и добива илјадници лајкови и коментари за секоја фотографија што ќе ја објави.

Спонзорите му плаќаат огромни суми да ги промовира нивните производи, често оди на платени патувања низ светот, се вози во приватни луксузни авиони и автомобили и престојува во најскапите хотели за кои порано можел само да сонува.

Имено, Хасбула израснал во сиромаштија во Дагестан, но неговиот живот целосно се променил пред околу една година, кога поради видео во кое имитира познат борец, го добил прекарот Мини Хабиб и стекнал популарност во ММА заедницата.

Заедно со уште еден руски блогер со пореметување во растот, Абду Розик,  Хабиб го промени мерењето во УФЦ и привлече внимание на социјалните мрежи.

Реномираниот новинар Игор Лазарин тврди дека по потпишувањето на договорот со УФЦ, Хасбула ќе има поголема заработка од повеќето УФЦ-борачи. Наводно тој ќе има посебна задача во УФЦ и нема да се бори, а во неговиот договор стои дека ќе биде присутен на сите УФЦ настани и настапи меѓу борбите.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....