7.8 C
Скопје
00:31 - 31 март, 2026

Арнолд Шварценегер подложен на сложена операција на срце, трета по ред: „Станав малку повеќе машина“

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, 76-годишниот Арнолд Шварценегер имаше оперирација на срцето, изветува Дејли меил.

Арнолд Шварценегер откри дека му бил ставен пејсмејкер минатиот понеделник, на 18 март, по три операции на „отворено срце“.

„Минатиот понеделник имав операција за да станам малку повеќе машина: добив пејсмејкер. Најпрво сакам да знаете дека ми оди одлично. Имав операција во понеделникот, а во петок бев на голем еколошки настан со мојата пријателка и колешка, фитнес ентузијастката Џејн Фонда“, изјави актерот во поткаст.

Актерот појасни дека сите лекари и медицински сестри покажале неверојатна грижа кон него и ја направиле операцијата што е можно побезболна. Објасни и зошто ја направил операцијата.

– Ме советуваа дека е време да ја направам операцијата, зашто ми остана лузна од претходната операција која предизвикуваше неправилно отчукање на срцето. Ете, таков е животот со генетски проблем со срце. Ваков здравствен проблем ги уби мајка ми и баба ми. Се сметам за одговорен и одлучен сум да водам сметка за своето здравје и да ги слушам советите на лекарите“, додаде глумецот.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....