21.8 C
Скопје
18:06 - 5 април, 2026

Анџелина Џоли на удар на критики поради непотизам – ќерка ѝ стана асистент, а Џоли продуцент

Анџелина Џоли се соочува со негодувања на јавноста, откако ја постави ќерка ѝ Вивиен за личен асистент во новиот проект.

Џоли е критикувана, затоа што ја поставила за асистент на новиот бродвејски мјузикл The Outsiders, на кој таа е продуцент.

Џоли за првпат работи на Бродвеј и за првпат ја вработила ќерка ѝ како асистент.

„Многу ме потсетува на мајка ми, бидејќи не сака да биде во центарот на вниманието, но сака да поддржува други креативни луѓе. Многу е сериозна и внимателна кога е театарот во прашање и мислам дека може и знае како да придонесе за проектот”, рече Џоли.

Мјузиклот е базиран на романот на С. Е. Хинтон и на истоимениот филм од 1983 година на Френсис Форд Копола. Тогаш голем број холивудски глумци играа во него. Том Круз, Роб Лоу, Патрик Свејзи, Ралф Макио, Мет Дилон и Дајан Лејн беа само некои од нив.

Приказната ги следи двете ривалски тинејџерски банди во Оклахома.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....