19:42 - 11 април, 2026

(Видео) Анастасија и Гудељ разменуваат нежности во кафеана: Тој цврсто ја прегрнува, заљубени како првиот ден

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ веќе со години ужива во љубовта со фудбалерот Немања Гудељ, со кого живее во Шпанија. Иако ретко зборува за својот приватен живот, овој пат направи исклучок и сподели емотивен момент со сопругот.

Анастасија објави видео од ноќно излегување, на кое таа танцува, додека Гудељ ја прегрнува цврсто околу половината. Снимката брзо привлече внимание, а пораката што ја придружуваше зборуваше сама за себе.

„Верноста и почитта се единствениот еквивалент на вистинската љубов“, напиша таа во описот, јасно ставајќи до знаење на кои вредности го темели својот брак.

@anastasijagudeljSo happy to have the healthiest marriage with the most loyal Godly man. 🥰🫂♬ original sound – milanmusic

По венчавката, Анастасија се пресели во Севиља, каде што со сопругот започна ново поглавје од животот. Во едно од претходните интервјуа таа искрено зборуваше за животот надвор од Србија и за прилагодувањето на новата средина.

„Во Севиља морав да зборувам шпански, бидејќи речиси никој не користи англиски. Не ми беше тешко да научам, имав предзнаење од теленовели. Најмногу ми недостига мајка ми, ние сме многу блиски. Како најдобри другарки сме и сè што ќе ми се случи, прво неа ѝ го кажувам“, откри таа неодамна.

Слични објави

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо
Се вчитува....