5.8 C
Скопје
20:50 - 20 февруари, 2026

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Пејачката Ана Николиќ тајно посетила пластичен хирург за да ги „поправи“ градите. Имено, сега се одлучила за два броја помали импланти, а се знае и колку платила за сè.

Николиќ во последно време не била задоволна од изгледот на своите силиконски гради, па решила да ги коригира. Пејачката издвоила 5.000 евра за интервенцијата.

– Ана веќе некое време не е задоволна од тоа како изгледаат силиконите во нејзините гради. Со текот на времето се деформирале и „паднале“, па тоа многу ја нервираше. Тоа можеше да се види кога носеше некои деколтирани и проѕирни фустани. Побара од лекар од позната приватна клиника да ѝ ги замени имплантите и да ги подигне градите, но сето тоа да изгледа што е можно поприродно. Покажала и свои фотографии пред вградувањето на силиконите и рекла дека повторно сака такви гради. Даде 5.000 евра за таа интервенција. Хирургот ги исполни сите нејзини желби и одлично си ја заврши работата, па сега нејзините гради се како на девојче. Ова не е првпат да оди на ремонт. Пред неколку години, таа ги зголеми градите за еден број. Кога пациентката ќе одлучи да ги отстрани силиконите и да го врати природниот изглед, невозможно е повторно да ги има своите природни гради. Мора да вгради помали силикони, со кои ќе го постигне посакуваниот природен изглед, што се случи и во случајот на Ана – вели изворот.

Ана Николиќ еднаш откри за „Блци“ со помош на која диета ослабела 50 килограми.

– Мојата тајна како ослабев. Најважно е внесувањето течности. Имам своја утринска рутина. Штом станам, пијам 2 чаши вода. Понекогаш со лимон, понекогаш без. Потоа доаѓа мојот појадок, кој често е јајце со домат или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби само свежа салата или житарки. За време на ручекот јадам бело месо или риба со варен зеленчук. Ги исфрлив јаглехидратите (бело брашно), се држам до внес на калории од 1.000 до 1.200. Целосно се откажав од слатките.

– Месо исто така, освен риба. Ако ми падне шеќерот во крвта, јадам една лажица „нутела“ и замислувам дека сум ја изела целата. Губењето на вишокот килограми е прашање на психа. Човек мора цврсто да одлучи дека сака да промени нешто и така ќе успее. Првиот месец е тежок, но се навикнуваш. Со помош на таблети за слабеење, не чувствував глад и немав потреба да вечерам. Ако огладнам во доцните часови, јадам зеленчук. Морков, краставица или само зелена салата. Колку помалку солено, толку подобро. Пијам 2-3 литри вода дневно. Понекогаш дури и 4!

Слични објави

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.
Се вчитува....