8.8 C
Скопје
10:22 - 31 март, 2026

Ана Николиќ повторно шокираше: Јас не пијам, јас со вотка ги стерилизирам нозете

Српската пејачка Ана Николиќ постојано е присутна во медиумите поради нејзините урнебесни изјави, но и низата скандали поврзани со нејзиното име.

Овој пат Ана беше видена на роденденската прослава на познат фризер од Белград, а во таа пригода даде изјава за емисијата „Ексклузивно“  каде меѓу другото го објасни откажувањето на концертот во „Штарк Арена“ и нејзините идни деловни планови.

– Знаев дека нема да има концерт во Арена…Сега сум фокусирана на Ушќе. Короната ми го расипа последниот проект „Клиника“… оттогаш сè беше по малку, слабо… што би рекла покојната Марина „сечи си уши, закрпи задник“! Сега после ноќно излегување одам директно во студио да отпеам нова песна, немам ништо против тоа да го правам ниту во три часот наутро, изјави пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Алкохолот постојано се поврзува со Ана, а таа сега објасни зошто ѝ требала вотката која неодамна ја купила во огромни количини во супермаркет.

– Се шетав низ Медина боса на некое снимање… во шест часот наутро, боса… Беше толку валкано. Морав да ги стерилизирам нозете со вотка. Потоа велат „Ана пие“, па не пие, само си ги стерилизирам нозете… што да правам, изјавила Ана низ насмевка за емисијата „Ексклузив“.

Пејачката се осврна и на успехот на Александра Пријовиќ, а ја спомена и Милица Павловиќ со која била во „конфликт“ за песната „Проверено“.

– Секогаш ја поддржував Прија. Ѝ честитам на успехот и тоа никој не може да го оспори. Што е со Милица, ако ме покани на концерт со задоволство ќе ѝ бидам гостин. Немам проблем со неа, и таа и јас сме жртви на некои други луѓе во целата оваа приказна, додаде таа.

 

Слични објави

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....