8.8 C
Скопје
20:18 - 12 март, 2026

(Видео) Ања Бла се пресели во Дубаи: Провокативната инфлуенсерка ја откри цената на луксузниот стан

Една од најпознатите инфлуенсерки во регионот, Ања Благојевиќ, на јавноста позната како Ања Бла и поранешна девојка на српскиот јутјубер Бака Прасе, откри дека се преселила во Дубаи.

Таа им се пофали на своите следбеници дека изнајмила нов стан, при што не ја сокри ниту цената.

„Сите што ме следат знаат колку долго го посакував ова. Ми требаа околу две недели за да најдам идеален стан, а имав навистина високи критериуми“, рече таа во видеото.

Ања откри дека се преселила пред сè поради себе: „Тука сум многу посреќна отколку во Србија“.

Фото: Инстаграм/Ања Бла

Во снимката ја прикажа внатрешноста на новиот дом, уреден модерно и со нагласок на луксузни детали. Станот е сместен во нова зграда која допрва треба да ги добие своите први станари. Најмногу внимание привлекува големата тераса со спектакуларен поглед кон градот и обалата. Зградата нуди и дополнителни содржини – фитнес сала, базен и пространо дворно место за жителите.

Станот има околу 80 квадратни метри, а Ања детално зборуваше за трошоците.

„Мојот стан чини 140.000 дирхами, што е околу 32.500 евра годишно. На месечно ниво тоа изнесува 2.700 евра. Покрај тоа, мора да се плати 5% провизија на агенцијата, 5 отсто депозит и дополнителни 5% данок на државата. Сè на сè, трошокот се движи околу 37.000 евра годишно,“ истакна таа.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо
Се вчитува....