00:03 - 7 април, 2026

Ана Бекута, освен националната, прима уште една пензија

Ана Бекута гради успешна музичка кариера со децении, а сè уште е една од најбараните јавни личности на српската музичка сцена.

Иако води прилично тивок и повлечен живот, се чини дека јавноста никогаш не престанува да се интересира за тоа што се случува во нејзиниот секојдневен живот. Нејзиното име редовно се појавува во медиумите, без разлика дали станува збор за музички настапи, приватни моменти или емотивни изјави.

Јавноста ја интересира и финансиската состојба на Ана, особено откако таа официјално стана пензионерка и остана без својот долгогодишен партнер, политичарот Милутин Мркоњиќ.

Пејачката еднаш отворено проговори за парите што ги заработила по многу години напорна работа.

Во разговоро со нејзината колешка Марија Шерифовиќ, Ана открила дека има право не само на една, туку на две пензии.

„Имам две пензии, една австриска и една наша (српска)“, рекла Ана.

Потоа Марија открила дека и нејзината мајка Верица исто така прима српска и австриска пензија, пренесува Svet.rs.

Во една прилика, Ана објасни дека покрај националната пензија, имала право и на странска пензија во Австрија, бидејќи таму си плаќала придонеси.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....