16:05 - 5 април, 2026

Сагата продолжува, Амбер сѐ уште е опседната со Деп: Поднела нова жалба од 16 точки

Актерката Амбер Херд поднесе жалба од 16 точки против пресудата со која се наложува дека треба да му плати 15 милиони долари за клевета на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.

Имено, нејзините адвокати сметаат дека немало доволно јасни докази за лоша намера, што е еден од условите кои мора да бидат исполнети за некој да биде осуден за клевета.

Судот му одреди на Деп да ѝ плати на Херд два милиони долари, исто така за клевета, а таа и нејзиниот адвокатски тим се жалат дека оштетата е „неприфатливо недоследна“, и сметаат дека локацијата на судењето требало да се одржи на посоодветно место од Ферфакс, Флорида.

Тимот на Деп бараше судењето да се одржи таму бидејќи тоа е местото каде што се печати весникот „Вашингтон пост“, во кој Херд ги изнесе тврдењата за злоупотреба.

Главниот дел од жалбата е во тоа што правниот тим на Амбер Херд смета дека судот погрешил што му дозволил на Деп да добие оштета врз основа на некои од претходните изјави на Амбер Херд.

Тие тврдат дека требало да ѝ се суди само поради споменатиот напис во Вашингтон пост, во кој Херд ниту еднаш не го спомнала Деп по име, па сметаат дека немало основа тој да го добие случајот на суд.

Слични објави

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо
Се вчитува....